Распределбата на имотот на Бил и Мелинда Гејтс сеуште трае, кои сигурно ќе се најдат на оваа кратка листа
Додека целиот свет чека на „разрешување на ситуацијата“ поврзана со разводот на Гејтс, односно кој колку пари ќе земе, ви откриваме кои поранешни сопруги на славните „упаднале“ во паричниците на нивните партнери.
Џеф Безос
Џеф Безос, основачот и сопственик на Амазон и неговата поранешна сопруга Мекензи Скот се уште се на прво место. Тој развод, кој следеше по 2019 година, ги чинеше неверојатни 38 милијарди долари.
Алек Вајлденштајн
Веднаш зад нив е американскиот милијардер роден во Франција, Алек Вајлденштајн, кој беше оженет со Џоселин Вајлденштајн. Разводот следеше во 1999 година, а неговата сега веќе поранешна сопруга доби 3,8 милијарди долари на нејзина сметка.
Руперт Мардок
Третото место го заземаат Руперт Мардок и Ана Ман, чија официјална разделба е 1,7 милијарди долари.
Тајгер Вудс
Познатиот голфер Тајгер Вудс се разведе од Елин Нордегрен во 2010 година. Разводот чинеше 710 милиони долари.
На петтото место на оваа листа се Мајкл Џордан и Хуанита Ванои, чија официјална разделба чинеше 168 милиони долари. Двојката се разведе по 17 години брак.