Најмоќниот пасош во светот е јапонскиот, на кое место е македонскиот?

Сподели со своите пријатели

Најмоќниот пасош во светот е јапонскиот, чии сопственици може да патуваат без виза во 191 земја, а од регионот најдобро рангиран е хрватскиот пасош, кој се најде на 20. место, пренесува Index.hr.

Loading...

Пасошот на Србија е на 39. мресто, на Црна Гора е на 46, веднаш потоа на 47. место е пасошот на Македонија, 52. место го зазема пасошот на Босна и Херцеговина, а пасошот на Косово е на 99. место.

По јапонскиот пасош, следуваат пасошите на Сингапур, Јужна Кореја, Германија, Италија, Финска, Шпанија, Луксембург и на Данска.

Најслаб е авганистанскиот пасош, со кој може да се патува без визи во само 26 земји.

Ирачките и сириските пасоши, сомалиските и пакистанските документи, како и пасошите од Јемен и Либија се рангираат малку подобро.


Leave a Reply