Најмалку шестмина повредени во напад на руски дронови на украинското пристаниште

Сподели со своите пријатели

Во напад на руски беспилотни летала рано утринава, најмалку шест лица се повредени, а пристанишната инфраструктура е оштетена во Измаил, едно од најважните украински пристаништа на Дунав за извоз на жито, објави на Телеграм гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер.

Loading...

„Во областа Измаил беа лансирани неколку групи дронови. За жал, имаше удари: евидентирана е штета на пристаништето и друга цивилна инфраструктура“, рече Кипер, пренесе Танјуг.

Целосниот обем на овој напад врз Измаил, кој е, заедно со Рени, едно од најголемите украински речни пристаништа за транзит на жито и се наоѓа на Дунав на границата со Романија, сè уште не е познат, според Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.