Loading...
Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелски напади во јужниот дел на Газа, соопштија утринава медицинските власти.
Болницата во Кан Јунис соопшти дека ги примила телата по тешки израелски воздушни напади и копнени операции во градот во текот на ноќта и наутро, пренесува АП.
Ројтерс објави дека биле бомбардирани и училиштето и Институтот за згрижување раселени лица, пренесува Танјуг.