Најмалку 15 жртви во поплавите во северот на Кина, евакуирани 120.000 луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа откако обилните дождови и поплави ја погодија северната кинеска провинција Шанси, уништија илјадници домови и принудија повеќе од 120.000 луѓе да се преселат во побезбедни области, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Кинеската провинција се соочи со најлошите поплави овој месец откако започнал мониторингот, рече метеорологот Ванг Вени на прес – конференција, додавајќи дека просечните врнежи во октомври биле 13 пати поголеми отколку во истиот период во една нормална година.

Најмалку 1,75 милиони луѓе беа погодени од поплавите, што предизвика уривање на најмалку 19.500 куќи и сериозно оштети уште 18.200 домови, изјави локалниот претставник за вонредни ситуации Ванг Кируи.

Три лица се уште се водат како исчезнати.

Обилните дождови и поплави предизвикаа директна економска загуба од над 5 милијарди кинески јуани (775 милиони американски долари) во покраината.

Обилните дождови, исто така, предизвикаа затворање на 60 рудници за јаглен во Шанси, се вели во соопштението објавено во саботата од бирото за управување со вонредни состојби на провинциската влада.

Провинцијата Шанси е најголемиот рударски центар во Кина, сочинувајќи една четвртина од производството на јаглен во земјата.

Провинциските власти веќе одвоија 50 милиони јуани (околу 7,7 милиони американски долари) за да помогнат во контролата на поплавите и обновата, објави кинескиот државен медиум ЦТВ.

Loading...

Ова не е првпат оваа година Кина да биде погодена од разорни поплави. Повеќе од 300 луѓе загинаа откако рекордни дождови ја погодија централна Кина во јули, поплавувајќи цели населби во Џенгжу, главниот град на провинцијата Хенан, а патниците останаа заробени во вагоните на метрото.