Мачорот Омар бил како и сите други мачиња во леглото кога го посвоила неговата сопственичка Стефи Хирст во 2013 година.
Највисокиот брачен пар во светот – заедно имаат 423 сантиметри
Сега мачорот е долг 120 см и најверојатно е најголемиот мачор во светот. Омар живее во Мелбурн, Австралија и од неодамна е интернет сензација.

Стефи вели дека откако објавила фотографии до мачорот на социјалните мрежи, ја контактирале од Гинисовата книга на рекорди и во тек е постапката за утврдување на неговата големина.
Рекордот моментално го држи мачка долга 118 сантиментри од Вејкфилд, Западен Јоркшир.

Мачорот за кратко време станал сензација на социјалните мрежи, го имало во најпознатите австралиски печатени весници и гостувал на националната телевизија.
Стефи вели дека Омар не се радува многу на медиумското внимание и само сака да јаде и да лежи.


