Истетовирал 203 ликови од серијата „Симпсонови“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Веќе одамна Гинисовата книга на рекорди стана збирка на разни чудаци. Австралијанецот Мајкл Бакстер (52) дефинитивно е еден од нив, затоа што благодарејќи на она што го има на своето тело, а станува збор за 203 тетоважи со ликови од серијата „Симпсонови.“

Loading...

Во категоријата „Најмнгоу тетоважи на ликови од една анимирана серија“ овој Австралијанец станал рекордер. Неговиот грб целосно е прекриен со ликови од цртани филмови.

Почесно место и се разбира најмногу простор зазеаат главните јунаци Хомер, Марџ, Лиса, Барт и Меги. Потрошил илјадници долари за да го оствари овој свој хир, а тетовирањето на целиот грб траело скоро една недела.

Сакав да изработам единствена тетоважа, која никој друг освен мене ја нема и која никој и нема да помисли да ја направи. Секако, огромен фан сум на „Сипсонови“. Ги сакам тетоважите, како и моите внуци – вели бакстер.

Новата 27ма сезона од „Симпсонови“ на телевизијата Фокс започнува на 27 овој месец.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.