Најголемиот дел од семејствата во Куманово бројат четири членови

Сподели со своите пријатели

Најголемиот дел од семејствата во Куманово бројат четири членови, покажува најновиот сет податоци од минатогодишниот попис, што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Loading...

Така од вкупно 98.104 жители, најголем дел, или 25.004 лица живеат во четиричлена семејна заедница. Во тричлени семејства живеат 17.040 кумановци, а во петчлени 16.320.

Голем е бројот и на лица кои живеат во двочлено семејство, вкупно 15.280.

Сами живеат 4.752 лица. Со девет членови во семејството се 1.080 граѓани, а во над десетчлено семејство живеат 1.897 лица.

Слични се статистичките податоци и за бројот на членови во домаќинствата.

Во Куманово живеат вкупно 16.140 лица кои се во брачна заедница без деца, додека во брак со деца живеат вкупно 49.658 граѓани.

Во вонбрачна заедница живеат 414 лица без деца и 1.036 лица со деца.

Над 28.000 семејства

Според податоците од пописот, во Куманово живеат 98.104 жители во вкупно 28.274 семејства, од кои најголемиот дел во урбани средини, додека 6.626 семејства се во руралните.

Loading...

Вкупно 12.527 семејства живеат со едно дете под 25 години кое живее со нив, додека со 25 години или повеќе бројката изнесува 3.041 семејство.

Вкупниот број на самохрани родители во Куманово изнесува над 8.000.

Никола Ивановски