Над 8.000 самохрани родители во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 8.000 лица во Куманово се самохрани родители, покажува најновиот сет податоци од минатогодишниот попис, што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Loading...

Најголемиот дел од самохраните родители се мајки, вкупно 6.144, додека бројот на самохрани татковци изнесува 2.079.

Кога станува збор за самохраните мајки најголемиот дел од нив или поточно 5.127 живеат со дете/деца и без други лица, додека 1.017 жени живеат со дете/деца и други лица во семејната заедница.

Кај татковците, од вкупно 2.079, без други лица освен дете/деца живеат 1.602 кумановци.

Најголемиот дел од населението во Куманово, според податоците од пописот, живее во четиричлени семејства.

Никола Ивановски