Најголемиот авион во светот го изведе првиот лет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемиот авион во светот го изведе првиот пробен лет во Калифорнија. Леталото наречено „Рок“, чиј распон на крилја е еднаков на должина на терен за американски фудбал и има шест мотори, го изведе премиерниот лет над пустината Мохаве.

Loading...

Авионот, кој го направи компанијата „Stratolaunch Systems Corp“, останал во воздух два чса, постигнувајќи бризн аод 304 километри на час и височина од 5.128 метри.

Потоа слетал на пистата каде стотици луѓе му ракоплескале.

– Каков фасцинантен прв лет. Денешниот лет ја продолжува нашта мисија да обезбедиме флексибилна алтернатива на системите за лансирање. Неверојатно сме горди на нашиот тим, екипаж, на нашите партнери, рекол директорот на компанијата Џин Флојд.

Компанијата ја основал коосновачот на Мајксрософт Пол Ален во 2011 година, кој почина минатата гпдина. Целта е лансирање на сателити во вселената од авиони.

– Знаеме дека Пол би бил горд да го видеше денешниот историски успех. Авионот е значително инжинерско достигнување, рекла Џоди Ален, сестра на покојниот милијардер.

Loading...

Leave a Reply