Најфлексибилната жена на светот го издаде календарот за 2016 (фото)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Јулија Гинтел, позната како Злата, се смета за една од најфлесибилните жени на светот. Оваа 30 – годишна девојка направена од гума е родена во Казахстан, а се прослави работејќи во Германија целиот свој живот со разни патувачки циркус атракции.

Секоја година, Јулија за своите фанови објавува календар, а тоа не пропушти да го направи и во пресрет на 2016.

Кога имала четири години, воспитувачот ја приметил колку е флексибилна и оттогаш, нејзиниот живот се менува од корен.

Кога имала осум години, Јулија се пријавува на курс за циркус – атракции и веќе на 10 – годишна возраст, таа започнува со првите настапи како девојка од гума и живее од своите настапи.

Loading...

Таа сама себе се нарекува како „Божица на флексибилноста“, за да се појави и во емисија на Дисковери во серијата посветена на еластични луѓе, кога по лекарски преглед во живо, докторите востановија дека таа има лигаменти флексибилни како да е бебе.

Злата работи како модел, се занимава со актерство а се појавува и во фетиш магазини и има единствена колекција на фотографии. Поради својот специфичен дар, таа патува низ светот и гостува во бројни емисии за чудни човечки таленти.

Злата веќе се појави и во неколку филмови, вклучувајќи го и  „Holy Motors“, во кој играше заедно со Ева Мендез и Кајли Миног.