Најчестите грешки во појадокот

Сподели со своите пријатели

Колку често го прескокнувате појадокот ? Ако сте од оние кои сепак поткаснуваат нешто брзо пред да се свртат кон обврските, видете на што е важно да се обрне внимание.

Првиот оброк во денот е најважен, затоа треба да биде и максимално здрав. Дозволуваме ли грешки при подготовка на појадокот ?

Loading...

Видете во следните редови.

Не земате доволно протеини

Чинија овесна каша со млеко е една од најчесто препорачаните здрави закуски од специјалистите.

Протеините се апсорбираат побавно од организмот. Затоа, ако појадокот ви е сиромашен со протеини, ќе огладнете многу побрзо.

Ако не сте љубители на вкусот на млекото, не заборавајте дека во здрав сендвич може да додадете 1-2 варени јајца, да си направите сендвич со путер од кикирики и пченкарен леб.

Премалку влакна

Колку повеќе шеќер има во вашиот појадок (така на пример, ако доручкуватеколачи, палачинки и т. н.), толку побрзо ќе почувствувате глад.

Влакната се грижат за тоа шеќерот во крвта да остане стабилен, да не страдаме од запек и да бидеме сити до ручекот.

Loading...

Во појадокот секогаш треба да има храна која ќе ви донесе барем 5 грама влакна. Поткаснувајќи овес, кон него додадете свежи јаболка, јагоди, мелени семки од чија и ленено семе.

Не земате доволно корисни масти

Недостатокот на храна со масти може да ве натера да огладнете многу пред пладневниот оброк.

Во појадокот секогаш треба да има ореви, млеко, неколку парчиња авокадо, умерено количество путер од кикирики и други извори на корисни масти.

Појадокот ви е оскуден

Парче овошје е богато со растителни влакна, витамини и минерали, но тоа не е доволно за прв појадок. Утринската исхрана е добро да содржи околу 300-400 калории. Овошјето оставете го за малку јадење пред ручекот и во попладневните часови.

Појадувате предоцна

Појадокот треба да се внесе околу еден час по будењето. Подоцнежното јадење нè тера да огладнуваме. Една од главните цели на утринската исхрана е да ни даде енергија за долги часови, да се чувствуваме сити и да не прибегнуваме кон потрошувачката на штетна храна.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *