Најбогатото германско семејство призна дека ги поддржувало нацистите

Сподели со своите пријатели

Семејството Рајман, едно од најбогатите германски бизнис семејства, за време на владеењето на националсоцијализмот ги поддржувала нацистите и користела присилна работна сила, објави „Билд ам зонгат“.

Loading...

По ојавувањето на овие откритија, анследниците не кријат дека се засрамени и најавуваат дека ќе донираат 10 милиони евра во добротворни цели.

Имено, „Билд ам зонтаг“ објави документи до кои дошле, а кои откриваат дека таткото и синот Алберт Рајмон сениор и Алебрт Рајнер јуниор користеле руски цивили и француски воени заробеници како присилни работници.

Портпаролот на семејството, Петер Харг кој е на чело на компанијата „Рајман ЈАБ“ потврдил дека пишувањата на „Билд“ се точни, пренесува АП.

Рекол дека семејството никогаш не зборувало за нацистичката ера, но дека доказите покажуваат дека таткото и синот, кои починале во 1954та, односно 1984 година, заслужиле затвор.

Богатството на семејството во чија сопственост се некои од најпознатите светски брендови како „Јакобс“, „Калгон“, „Вела“ и други, се проценува на 33 милијарди долари.

Leave a Reply