Најбогатите жени во светот: Спијат на милијарди, а изгледаат просечно (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

За некои, богатството е најважната цел во животот, за некои е можност да се пофалат и да бидат во центарот на вниманието, додека за некои е нешто што се случи некако „по пат“, што не ги променило и за нив е средство преку кое можат да направат многу и да им помогнат на другите.

Loading...

Денес ви ги претставуваме петте најбогати жени во светот, според Форбс.

Тие не изгледаат како што мислите – украсени со накит и во видлива скапа облека. Напротив, големи се шансите да не им обрнувате внимание кога би ги сретнале на улица!

  1. Алис Волтон

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Top Ten (@top10__top10)

Со своите 54,4 милијарди, на колку се проценува нејзиното богатство, Алис Волтон (71) е најбогатата жена на светот.

Таа е деловна жена која значително го зголеми успехот на „Волмарт“, чиј косопственик е и самата.

На нејзиното лице нема да видите ботокс или други козметички новини, таа гордо ја носи својата седа коса. Иако за убавина користи само класична облека и минимум шминка, Алис изгледа како благородна жена, но истовремено се обидува да изгледа незабележително.

Loading...
  1. Франсоаз Бетенкур Маерс

 

 

Кога ќе ја погледнете оваа жена, дали некогаш би помислиле дека поседува богатство вредно 48,9 милијарди долари?

Франсоаза (67) влезе во деловниот свет кога нејзината мајка почина, наследувајќи 33% од семејната компанија Лореал.

И покрај богатството, таа никогаш не ангажирала стилист, ниту се шминкала, туку до ден денес одржува сосема природен изглед.

  1. Џулија Кох

 

Loading...

 

57-годишната жена влезе во светот на бизнисот откако почина нејзиниот сопруг, од кого наследи компанија за нафта. Нејзиното богатство се проценува на 38,2 милијарди долари.

Откако нејзиниот сопруг почина од рак, Џулија се посвети на хуманитарна работа и донации за истражување на оваа област во медицината.

Можете да ги видите годините на нејзиното лице, но таа навистина не се грижи за тоа и не подлегна на трендовите за подмладување.

  1. Мекензи Скот

 

 

Поранешната сопруга на Џеф Безос, основачот на „Амазон“, по разводот доби 25 проценти од вкупниот имот и моментално е ставена на списокот на најбогатите жени во светот со богатство проценето на 36 милијарди долари.

Loading...

Мекензи е многу помлада од другите дами на оваа листа, но без оглед на нејзината возраст, таа е позната и по нејзиниот целосно природен изглед и облечена во сосема обична, едноставна гардероба.

Таа е позната и како голема хуманитарка. Таа неодамна донираше повеќе од 4 милијарди долари во добротворни цели, изјавувајќи: Имам премногу пари.

  1. Џеклин Марс

 

 

81-годишната Џеклин и нејзиниот брат Џnон наследиле 35 милијарди долари од нивните родители преку семејни компании за храна за миленичиња и слатки.

Loading...

Џеклин работела во компанијата секој ден до 2016 година, кога се повлече на 77-годишна возраст.

И денес сите ја знаат како добродушна, пријатна жена, по чие однесување и изглед е тешко да се открие дека всушност „спие“ на милијарди.

Leave a Reply