Најбогатите 42 личности имаат пари колку половина од светската популација

Сподели со своите пријатели

Во извештајот ан „Oxfam“ се наведува дека 42 личности поседуваат богатство колку и 3,7 милијарди луѓе, а разликата помеѓу богатите и сиромашните минатата година се зголемила.

Разликата помеѓу супербогатите и останатиот дел од светот пораснал минатата година, затоа што близу 82 отсто од генерираниот капиал припаѓа само на еден процент од најбогатите, според извештајот на хуманитарната организација „Oxfam“.

Исовремено, половина од светската популација, односно близу 3,7 милијарди луѓе, немаат ништо.

Во извештајот на „Oxfam“ се наведува дека е неприфатливо и неодржливо тоа што на супербогатото малцинство е овозможено да акумулира најголем дел од глобалното богатство, додека стотици милиони луѓе се борат за опстанок.

Ова се најбогатите луѓе на сите времиња

Loading...

Богатите побогати за 762 милијарди долари

Богатството на милијардерите во просек се зголемувало за 13 отсто годишно во перидоот од 2006. до 2015. година, а само минатата година нивното богатство се зголемило за 762 милијарди долари.

Извештајот е објавен во момент кога глобалната политичка и бизнис елита се подготвува за учество на Светскиот економски форум во швајцарскиот зимски центар Давос, кој започнува денеска и ќе трае до 26.февруари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.