„Се известуваат сите заинтересирани, дека од 15 октомври до 15 ноември ќе трае наградниот фотографски натпревар „Макпортрет 2022“ при што ќе биде неговото второ издание по изданието во 2020 година.
Натпреварот е организиран од страна на здружението Споделено знаење со цел обезбедување слободни фотографии од познати и истакнати современи дејци од разни полиња на делување од Македонија.
Личностите, односно субјектите треба да се сликани од непосредна близина, со цел тие фотографии понатаму во иднина да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти.
Наградите за најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:
Прва награда за бројност на фотографирани различни лица – награда во денарска противвредност во бруто-износ од 400 евра;
Втора награда за бројност на фотографирани различни лица – награда во денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
Трета награда за бројност на фотографирани различни лица – награда во денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра;
Награда за највисоко оценета фотографија – награда во денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
Повеќе за натпреварот на неговата главна страница.