29.10.2019 12:57

Куманово збогатено со нови садници, како мерка за почист воздух (ФОТО)


Куманово од денеска ќе има околу стотина нови квалитетни листопадни садници, кои Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги засадува на повеќе локации во градот.

Ова е една од среднорочните мерки на Општина Куманово за справување со аерозагадувањето, а во самата акција се вклучи и градоначалникот Максим Димитриевски.

loading...

Склонопадните дрвја кои се стари и за кои ќе биде проценето дека се опасност за граѓаните, како што појасни Димитриевски, ќе бидат отстранети, а за секое едно отстрането ќе се засадат десет нови садници.

– Ако се сеќавате за случајот на улицата „Гоце Делчев“ кај што моравме поради проширување на автобуска постојка да исечеме две стари дрвја, ова е резултат токму на таа акција што беше ветено за тие две дрвја денеска засадуваме 100 нови садници.

Ова е само една од мерките кои ги презема Општина Куманово за да се справи со загадениот воздух, покрај аеросолизацијата која е краткорочна мерка на најфрекфентните места во градот, каде според Димитриевски намалувањето на загаденоста е до 70 отсто.

– Загадувањето на нашата општина не е од вчера, туку е децениски проблем и ние се соочуваме со тој проблем. Се уште останува дилема како тоа беше измерен толку висок коефициент на загадување со ПМ10 честички и Куманово изби на светската листа на прво место. Повторно ќе укажам дека се работи за стара мерна станица која не е баждарена со години, а е лоцирана во самиот болнички двор каде се наоѓа еден од поголемите загадувачи, бидејќи тука е старата котлара на болницата, која користи мазут и фосилни горива за загревање, изјави Димитриевски.

Според директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски, новите насади ќе донесат поголема заштита на амбиенталниот воздух.

– Се работи за дрвја од типот на платан, липа и јасен. Во текот на наредниот период имаме обезбедено уште насади и оваа акција ќе продолжи и во центарот на градот, во централното градско подрачје, она што го истакна и градоначалникот за проширување на патот каде беа исечени стари дрвја, утре таму ќе насадиме 10 нови садници. Во текот на оваа година ЈП има организирано акции за садење на 5.000 дрвца во населбата „Гоце Делчев“, преку 2.000 дрвца на Спомен Костурница и во центарот на градот 840 насади и овој процес ќе продолжи понатаму, изјави директорот Стојковски.

loading...

Првиот човек на кумановското комунално претпријатие ги повика граѓаните да бидат совесни со новите насади, доколку можат и да ги полеваат со вода понекогаш со што ќе им помогнат на вработените во одржувањето, а притоа го осуди неодамнешното уништување на насадите во населбата Карпош.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments