Надминете го стравот од пајаци со помош на оваа апликација

Сподели со своите пријатели

Соочете се со стравот од пајаци на безбеден начин, преку екранот на вашиот мобилен телефон користејќи само една  апликација.

Loading...

Стравот од пајаци, наречен и аракнофобија, не е невообичаен, и секој што страда од паничен страв од пајаци, може да го надмине преку новата апликација Phobys, развиена од тимот научници од Универзитетот во Базел во Швајцарија.

 

 

На луѓето кои се плашат од пајаци им е полесно да се соочат со виртуелен пајак отколку со вистински, посочува Ања Цимер, водечка авторка на студија поврзана со апликацијата, објавена во научното списание Journal of Anxiety Disorders.

Истражувачите направиле  двонеделни клинички испитувања со 66 учесници кои страдале од аракнофобија. Некои од учесниците ја користеле апликацијата преку повеќекратни средби со проектираниот пајак, додека другиот дел од учесниците во студијата служеле како контролна група без да комуницираат со пајаците.

Потоа, од учесниците било побарано да им пријдат на вистинските пајаци сместени во соодветни кутии, што е можно поблиску.

Loading...

 

 

Групата што ја користела апликацијата Phobys покажала значително помал страв и гадење во соочување со вистинскиот пајак, отколку учесниците од контролната група.

Сепак, апликацијата не е бесплатна и чини пет долари. Постојат десет нивоа низ кои корисниците можат да поминат, а на крајот од секое ниво има проценка на нивото на стравот. Апликацијата започнува со брз тест за вашиот страв, за да го одреди основното ниво на страв од кое апликацијата може дополнително да развие одредена терапија.

Апликацијата исто така не е за секого и е погодна за луѓе кои страдаат од благ и клинички незначителен страв од пајаци и кои се постари од 16 години. Луѓето кои страдаат од потешки форми на арахнофобија, треба да се консултираат со специјалист пред да ја користат апликацијата, велат научниците.