Надал заврши во топ 10 на голф турнир

Сподели со своите пријатели

Рафаел Надал викендот го замени својот рекет со голф палки и заврши меѓу најдобрите десет на „Балеарскиот шампионат за голф“ во Мајорка.

Loading...

Само неколку недели откако ја обезбеди својата 20-та Гренд-слем титула, израмнувајќи се со Роџер Федерер по 13-тата победа на Ролан Гарос, Матадорот учествуваше во силна трка со уште 60 играчи – 23 професионални играчи и 37 аматери.

Шпанецот го заврши натпреварувањето, кое се одвиваше во текот на три дена, на шестото место.

Влатче Зорба

Leave a Reply