Над осум илјади бегалци кај Идомени живеат речиси под отворено небо (видео)

Сподели со своите пријатели

Над осум илјади бегалци се наоѓаат кај Идомени во Република Грција, откако пред неполни две недели, границата е затворена за бегалците од Авганистан.

Ситуацијата во дел од граничниот појас е хаотична, за сметка на заглавените бегалци кои деноноќно чекаат на било каков исход за нивната ситуација.

Освен бегалци од Авганистан, таму се наоѓаат и бегалци од Сирија и Ирак, како и мигранти од останатите афрички држави, за кои во моментот не постои речиси никава шанса за давање право за искажување на намера за барање азил во Македонија.

Бегалците живеат во мизерни услови, а за тоа сведочи и видеото направено од грчко НВО кое работи на помагање на бегалците во услови на голема криза кај Идомени.

Според проценките на УНХЦР, во моментот во Грција и грчките острови се наоѓаат повеќе од 30 000 бегалци.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.