Над 700.000 внатрешно раселени поради конфликт во Судан

Сподели со своите пријатели

Бројот на раселени лица поради конфликтот во Судан се зголеми за повеќе од двојно во текот на изминатата недела на над 700.000 лица, изјави денеска портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Пол Дилон.

Loading...

„Бројот на внатрешно раселените лица во Судан се зголеми повеќе од двојно во последната недела“, рече Дилон на прес-конференција во Женева, пренесе Ројтерс.

Минатата недела агенцијата на ОН објави дека околу 340.000 луѓе се внатрешно раселени.

Борбите меѓу суданската армија и Силите за брза реакција (РСФ) се во тек во Судан од 15 април.

Конфликтот избувна меѓу единиците лојални на воениот владетел на Судан Абдел Фатах ал-Бурхан и РСФ предводени од Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти, кој е заменик-шеф на владејачкиот совет во кој беа вклучени и двајцата лидери.

Нивната борба за моќ ја спречи транзицијата кон цивилно владеење и предизвика страв од долга граѓанска војна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.