Над 6.000 бегалци од Грција тргнаа на пат за Македонија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 6.000 бегалци вчера од Солун тргнаат кон Македонија, за да од тука низ балканската рута одат до земјите од Европската Унија, пренесуваат волонтерите кои се наоѓаат во грчките пристаништа.

Големата бројка е резултат на завршениот штрајкт на грчките морнари кој неколку дена правеше проблеми во транзитот на бегалците, при што голем дел од нив останаа на грчките острови и не можеа да дојдат до копно.

Во пристаништето „Пиреја“ со траектот „Сина ѕвезда Патмос“пристигнаа 2.137 бегалци, со „Сина ѕвезда 2″ 1.622 бегалци од Митилена и од Хиос, а со фериботот „Елефтериос Венизелос” пристигнаа 1.250 бегалци.

Сите тие се на пат за Македонија, а бранот се уште се очекува да се зголемува.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.