Над 40 земји потпишаа декларација за обнова на Украина

Сподели со своите пријатели

Дводневната меѓународна конференција во Швајцарија за обнова на Украина по војната со Русија заврши во вторник со потпишување на Декларацијата од Лугано, која содржи голем број принципи кои ќе го водат процесот на обнова и закрепнување.

Loading...

Потписниците на Декларацијата, претставници од повеќе од 40 земји и меѓународни организации, вклучително и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) ветија политичка, финансиска и техничка помош за Украина, која тврди дека реконструкцијата на земјата би можела да чини до 750 милијарди американски долари.

Потписниците, исто така, ја осудија руската воена агресија и ја повикаа Москва да ги повлече своите трупи од Украина.

Принципите наведени во Декларацијата се внатрешни реформи, а ЕУ особено наведува дека Киев мора да постигне напредок во областа на владеењето на правото, ограничувањето на олигарсите, борбата против корупцијата и обезбедувањето основни права, транспарентност, одговорност и почитување на законот.

Тие бараат и родова еднаквост, инклузивност и одржливост.

„Ефективното и транспарентно владеење и ефикасната и брза координација меѓу донаторите и владата се клучни за закрепнувањето“, рече Алфред Камер, директор на европската филијала на ММФ.

Тој тврди дека спроведувањето на реформите, со цел зајакнување на институциите и јавните политики, ќе придонесе за трансформација на економијата и ќе го промовира растот и животниот стандард на Украинците.