Над 200 лица настрадаа на Филипините (фото)

Сподели со своите пријатели

Тропската бура „Тембин“ уби повеќе од 200 луѓе на југот на Филипини, а неколку десетици илјади луѓе се приморани да ги напуштат своите домови, соопшруваат филипинските власти.

Полицијата наведува дека од петок страдале 208 лица, а дека 164 се водат за исчезнати, додавајќи дека 40.000 луѓе ги непуштиле своите домови и се сместени во разни центри.

 

Loading...

 

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопштија дека 70.000 луѓе се раселени поради бурата.

„Тембин“ кој во петок го погоди филипинскиот архипелаг, денеска се движи кон Јужнокинеското море.

Филипини оваа година беа погодени од околу 20 тајфуни и бури, а јужниот остров Минданао овој пат најмногу настрада.

Бурата предизвика поплави и клизишта низ целата држава.

 

 

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо се помоли за Филипинците на бадниковата миса.