Над 140 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 140 возачи викендов во Куманово биле казнети поради сторени сообраќајни прекршоци, а најмногу поради пребрзо возење.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 142 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, или вкупно 90, биле за пребрзо возење, а 28 за возачи кои возеле пијани.

Од останатиот дел од казните 13 биле изречени за управување возило без возачка дозвола, 8 за престигнување и 3 за нерегистрирано возило.

Сообраќајните контроли, како што потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски