Над 120 вработени во црквата во Германија се изјасниле за припадници на ЛГБТ заедницата

Сподели со своите пријатели

Вкупно 125 вработени во Римокатоличката црква во Германија, вклучително и свештеници, верски учители и вработени во црковната управа, се изјасниле како членови на ЛГБТ заедницата и повикаа на прекин на дискриминацијата.

Loading...

Тие сакаат без страв да живеат и работат како отворено геј луѓе во црквата, јавува ДПА.

125 од нив бараат промена на црковниот канон за сексуалната ориентација и родовиот идентитет повеќе да не можат да бидат основа за отпуштање.

Тие бараат и ревидирање на дискриминаторските изјави од црковната доктрина и бараат „целосен пристап до сите активности и занимања во црквата, без дискриминација“.

Ватикан претходно изјави дека хомосексуалните партнерства „не одговараат на Божјиот модел“.

Иницијативата е наречена Declare in the Church (OutInChurch) и ги покани сите хомосексуалци вработени во црквата да им се придружат.