Над 100 кумановци вчера казнети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Над 100 кумановци вчера добиле казна поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (04.03/05.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 137 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се издадени во Куманово 108, во Крива Паланка 22 и во Кратово 7.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply