Над 100.000 луѓе се пријавиле за договор за работа во руската армија

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100.000 луѓе стапиле во воена служба со договор во Вооружените сили на Русија од почетокот на 2024 година, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

„Од почетокот на оваа година, повеќе од 100.000 луѓе веќе се приклучија на воената служба по договор во вооружените сили на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Во Москва и другите градови на Русија значително е зголемен бројот на заинтересирани за работа во армијата, пренесува РИА Новости.

Во изминатите 10 дена околу 16.000 граѓани потпишале договори за учество во специјална воена операција, прецизира руското Министерство за одбрана.

Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека до крајот на 2024 година вооружените сили на Русија планираат да формираат две комбинирани армии и триесет формации, вклучувајќи четиринаесет дивизии и шеснаесет бригади, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.