Над 10 милиони Кинези се борат да запишат факултет, го полагаат „најтешкиот испит во светот“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Над 10 милиони ученици се упатија кон училиштата ширум Кина за да го полагаат „најтешкиот испит вос ветот“ и да го запишат посакуванот факултет, пренесува Дејли Мејл.

Loading...

За тинејџерите чии семејства не се богати, испитот за упис на факултет е единствена шанса да го променат својот живот и да ја подобрат положбата на своето семејство.

Стотици родилите, кои сакаат нивните деца да успејат во животот, се собрале во еден мал град во источна Кина за да ги испратат своите деца на полагање испит.

Шокантна снимка покажува како Кинезите произведуваат лажни јајца (видео)

Според пишувањето на светските медиуми, оваа година имало нешто помалку родители од претходните.

Средното училиште „Маотанчанг“ од провинцијата Анхуи важи за најтешко училиште во Кина. Илјадници тинејџери секоја година се преселуваат за да се образуваат тука.

Семестарот чини околу 5.013 фунти, а станала култна институција затоа што студентите од оваа училиште ги запишуваат најдобрите факултети.

Кога Кинезите ќе се соберат за семејна фотографија

Loading...

Младит екои имаат околу 18 години, учат во просек 16 часа дневно во т.н. фабрика за испити и мора да решат околу 5.000 сетови пробни испити, за да се подготват за завршната битка позната како „гаокао“.

Оваа училишта има околу 20.000 ученици кои се распоредени во три одделенија.

Половина од учениците се ученици на трета година кои минуваат низ тежок распоред кој трае 12 месеци за да се подготват за приемниот испит на факултетите.

Зошто Кинезите јадат со стапчиња?

Овие испити во Кина секоја година се одржуваат кон почетокот на јуни. Испитот опфаќа предмети како што се кинеска книжевност, англиски јазик, математика, физика, хемија, историја и политика.

Важи за „најтежок испит во светот“. Оваа година на 7 и 8 јуни испити ќе полагаат околу 10,31 милиони ученици.

Фото: Printscreen/ pearvideo.com

Leave a Reply