На ТЦ Табановце е згрижен мигрант од Бангладеш со физички повреди

Сподели со своите пријатели

Мигрант од Бангладеш бил згрижен во Општа Болница Куманово на одделението за хирургија во текот на вчерашниот ден, откако пристигнал во ТЦ Табановце со нагмечување на главата, јавува Регионалниот центар за управување со кризи.

По извршените здравствени прегледи, рентген и дадена терапија во дневната болница, мигрантот е вратен на пунктот.

РЦУК во дневниот извештај не наведува останати детали за тоа дали мигрантот пристигнал со повредите и како дошло до тоа, мигрантот да претрпи нагмечување на главата.

Инаку, во текот на изминатите 24 часа, од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e само дезинфекција на 800 м.кв.простор со објекти.

Такси возилата кои превезуваат мигранти од Гевгелија до пунктот за помош на мигранти Табановце и вчера одбиле и не дозволиле да се изврши дезинфекција на истите.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.