На Табановце откриени возила што вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Сподели со своите пријатели

Три патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, а полицијата ги открила вчера на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 26.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници, и тоа патничко возило „пежо боксер“, со швајцарски национални ознаки,управувано од Т.Г.(22) од с.Ново Село, патничко возило „пежо боксер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип, било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделение за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски за расчистување и санкционирање на случаите.

Никола Ивановски