На словенечки фармер му ги одзеле кравите бидејќи биле валкани

Сподели со своите пријатели

Четири дена откако во Словенија стапи на сила измената на Законот за заштита на животните, со која инспекторите можат да ги одземат доколку се открие дека одгледувачите ги чуваат во нехумани услови, од еден фармер биле одземени 24 крави, пренесува порталот Агроклуб.

Loading...

Минатата недела во село кај Кршко ветеринарен инспектор без никакво најава и предупредување одзел 24 говеда од фармата на семејството Можган.

Според официјалното соопштение, животните биле наводно запуштени, јавува Моја Долењска.

Но, она што следеше ги остави без зборови јавноста и сточарите низ Словенија и соседството.

Во извештајот од увидот за одземањето наводно не е наведено што точно сторил одгледувачот, ниту пак колку животни се одземени.

Порталот наведува дека сопственикот бил шокиран и негира дека животните биле запуштени, а тоа што биле калливи го оправдува неповолното време, односно честите и обилни врнежи во околината.

„Ние не одгледуваме крави за да ги мачиме“, вели Можган, сопственик на стадо од 50.000 евра.

Во локалната Агенција за безбедност на храна за медиумите кусо изјавија дека добитокот е ограден во мал одвод, дека просторот е многу каллив, без пристап до вода и храна.

Loading...

„Животните беа покриени со кал и не им беше пружена ветеринарна нега“, соопштија властите.

Весникот забележува дека целиот случај добил и политичка конотација бидејќи инспекторот кој наредил конфискација на животните летово бил кандидат за нов директор на словенечката управа за безбедност на храна, ветеринарна медицина и заштита на растенијата.

Но, наводно поради бунтот на Земјоделската и ветеринарната комора и вработените во администрацијата, словенечката влада назначила друг кандидат за оваа функција.

Се посочува и дека министерката за земјоделство Ирена Шинко морала да ја напушти министерската функција во октомври бидејќи не го поддржала целосно споменатиот закон.

Таа беше убедена дека тоа ќе биде тешко да се спроведе во пракса.

Порталот јавува дека овој случај во Словенија го покренал Сојузот на земјоделци, кој смета дека инспекциската постапка била незаконска.

Остро реагираше и од Земјоделско-шумарската комора, убедени дека се работи за претерана и незаконска мерка.

„Животните не беа одгледани во оптимални услови, но немаа никакви негативни последици како резултат. Можеа да одат од кал на пасиште“, најавуваат тие.

Loading...