Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, оцени дека на Русија ѝ се потребни гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 за, како што наведе, да ја „снабди“ Европа со проблеми.
– На Русија ѝ се потребни „протоци“ за да ја снабдува Европа со проблеми, а не да ѝ помага со гас – рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува Интерфакс Украина.
Зеленски смета дека колку подолго „терористичката држава“, како што ја нарече Русија, е присутна на европскиот и светскиот енергетски пазар, толку подолго нема да има стабилност на пазарот.
– И колку побрзо сите во Европа ги подготвуваат своите енергетски системи воопшто да не добиваат енергија од Русија, толку побрзо ќе можат мирно да ја чекаат секоја зима – рече Зеленски.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.