На професорката ѝ се случила непријатна ситуација на час: Учениците останале без зборови

Сподели со своите пријатели

Американската учителка и ТикТокерка Бет Филмон на следбениците на мрежите детално им го опишала непријатното искуство што го доживеала пред целото одделение на возраст од 13 и 14 години.

Учествувајќи во предизвикот „распад на наставничката гардероба“, таа кажа што и се случило во една прилика на училиште.

– Тоа беше мојот прв час по породувањето и еден од учениците извика нешто на шпански што не го разбирав. Сите почнаа да се смеат во тој момент. Тогаш забележав дека имам малку вода на мојата маица на градите, а на учениците им се чинешло дека има бебе и дека го дојам – изјавила таа.

 

 

Потоа таа објасни што навистина се случило.

– Имам над 20 години, немажена сум, живеам со моите родители… Носам градници од студентските денови, а тоа беа денови кога носев градници на Victoria Secret со гел додатоци. Да, пукнаа тој ден и гелот протече низ гардеробата. Се правев дека ништо не се случило, додека студентите немо гледаа во мене – изјави таа.

На видеото, кое е погледнато речиси милион пати, додала дека и пукнале две корпи градници, и била истурена течност и изгледа како да дои, голема забава за нејзиниот клас.

Една колешка, која исто така работи во основно училиште, коментира дека и таа имала идентична лоша среќа.