На преминот Табановце мирно – нема војска, ниту специјални единици на МВР

Сподели со своите пријатели

Сè уште нема војска или специјални единици на МВР распоредени на северната граница на Македонија кон Србија, јавуваат граѓанските активисти кои деноноќно помагаат на мигрантите од Блискиот Исток.

Loading...

Според изјавата на Александра Давидовска, граѓански активист, денес на преминот Табановце пристигнале два воза на Македонски железници од Гевгелија, од кои во возот во 15:30 часот, пристигнале 200 до 250 мигранти, што е многу малку споредбено со останатите денови кога на преминот доаѓаа и по 1500 мигранти за една ноќ.

Некои мигранти според Давидовска пристигнале и со автобус и со такси, и сите заминале кон српската страна на границата, од каде активистите добиле информации дека можеби се пуштени да навлезат на српска територија, односно, биле преусмерувани на останти патишта кои водат кон с. Миратовац, прешевско од каде се транспортираат во прифатниот центар.

До вечер, според досегашниот возен ред, на преминот Табановце треба да пристигнат уште два воза, но останува неизвесно дали на преминот ќе пристигнат мигранти кои во моментот се задржани на македонско – грчката граница, каде според информациите, за влез во Македонија чекаат околу 4000 бегалци.

Активистите од Куманово кои работат на помагање на мигрантите, од друга страна апелираат да се постават шатори за преноќување на мигрантите, со оглед дека временските услови стануваат се` потешки, а бегалците дури и во такви услови мора да останат под отворено небо по цела ноќ, бидејќи српската страна ретко прави пропуст на мигрантите во доцните вечерни часови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.