На повеќе локации во Куманово утре ќе се скока по светиот крст

Сподели со своите пријатели

Светиот крст по повод пранзикот Водици или Богојавление утре ќе се фрла на повеќе локации во градот.

Loading...

Чествувањето сепак започнува со утринска богослужба во Соборниот храм „Свети Никола“ во 8 часот, по што околу 09:15 ќе биде осветена водата и ќе се фрли светиот крст.

Во исто време крстот ќе се фрла и во базенот на црквата „Света Троица“.

Најмасовно сепак се очекува и оваа година да биде на затворениот Градски базен, каде во организација на пливачките спортски клубови од градот и оваа година ќе се плива до светиот крст.

Манифестацијата на градскиот базен започнува во 11:30 часот.

Leave a Reply