На поларните мечки им се заканува исчезнување: Стануваат канибали

Сподели со своите пријатели

Еден руски научник открива дека поларните мечки, како резултат на климатските промени и експлоатацијата на фосилни горива, се јадат едни со други во Арктикот.

Како што температурите растат на Арктикот, така се намалува и нивото на мраз, што ги присилува поларните мечки да го променат живеалиштето.

Loading...

Поларните мечки ќе изумрат за 30 години?

Со миграцијата, тие пристигнаа на територии каде храната е оскудна.

Зголемениот број случаи на канибализам, исто така, може да биде последица на поинтензивна активност на човекот во природното живеалиште на овие животни.

„Канибализмот меѓу поларните мечки е одамна познат факт, но загрижени сме дека ваквите инциденти сега се случуваат сè почесто“, вели научникот Мордвинцев за Интерфакс.

Тој забележал дека мажјаците ги напаѓаат женките и нивните млади и се случува мајките да ги јадат своите младенчиња.

Глобалното загревање го уништува поларниот свет

Поларните мечки инаку го користат заледеното море за да ловат фоки што пливаат во него, меѓутоа, поради недостаток на мраз, тие се принудени да се движат по крајбрежјето каде не можат да ловат.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *