На патниот правец Скопје – Куманово запленети 243 килограми тутун (фото)

Сподели со своите пријатели

На 8 јули годинава на патниот правец Скопје – Куманово при вршење на внатрешна контрола, инспекторите од Одделението за истраги на Царинска управа, се обиделе да стопираат комбе со скопски регистарски ознаки, но возачот на комбето не застанал и се дал во бегство, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Веднаш потоа, комбето било присилно стопирано и под придружба на царинските инспектори испратено на детален преглед во магацинот на Царинската испостава Куманово. При извршениот детален преглед во комбето, помеѓу останатата стока беа пронајдени и 12 картонски кутии режан тутун тип Вирџинија за кои сопственикот не поседувал никаква документација.

tutun zaplena

Loading...

Вкупната количина на пронајдениот режан тутун изнесува 243 килограми. Избегнатите давачки по основ на  еплатена акциза и други давачки изнесуваат 503.687 денари.

За одземената стока лицето не приложи соодветен документ со што истата е пуштена во слободен промет без да бидат платени царинските и други давачки. Согласно закон стоката е одземена со потврда за привремено одземени предмети, а Царинската управа пртотив сторителот поднесе соодветна пријава.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.