На овој грчки остров се забранети лежалки на плажа, а еве и зошто (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Липси кажа „не“ на лежалките на плажите на островот, охрабрувајќи ги туристите да уживаат во овогодинешниот еколошки осветен летен одмор за да искусат автентични искуства.

Loading...

„Имплементираме стратегија која се смета за иновативна во Грција и Европа. Активно поддржуваме замена на пластиката и укинување на лежалките, избегнуваме користење на автомобили на кратки островски рути“, рече Фотис Магос, градоначалник на општина Липси.

Општината ги повикува патниците летово да го истражуваат Липси без автомобил, како и да се воздржат извесно време од технологијата и да уживаат во одмор со книга.

Според градоначалникот, туристичките работници на островот, исто така, се согласуваат со планот на општината да промовира автентично искуство за одмор и еколошки начин на размислување кај туристите кои го избираат Липси за одмор.

Грчкиот остров Липси се наоѓа во јужниот дел на Егејското Море и е дел од грчкиот архипелаг Додеканез.

 

 

Loading...