На коалите во австралиската држава Нов Јужен Велс им се заканува исчезнување до 2050 година, освен ако владата веднаш не интервенира за да ги заштити тој вид и нејзините живеалишта, покажа извештајот на парламентарната комисија.
Во последните неколку децении, коалите се загрозени поради загуба на живеалиштата преку уништување на шумите за земјоделство и рударство, како и заради целокупниот урбан развој, пренесува Ројтерс.
Милион видови живи суштества во опасност од изумирање
Неодамнешните пожари уништија околу една четвртина од живеалиштата на коалата, а дури 81% од нивните живеалишта се уништени во некои делови од земјата.
Во извештајот се дадени 42 препораки за акција за заштита на коалите, и вклучуваат итен попис, приоритет на заштитата на овие животни во планирањето на урбаниот развој и зголемување на финансирањето за зачувување на коалата.