Милион видови живи суштества во опасност од изумирање

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации објавија извештај според кој милион видови растенија и животни се во опасност од изумирање, а дека човечкиот вид е загрозен затоа што му претстои опасност од недоволно храна и здрава вода за пиење.

Loading...

Како што пренесува Њујорк тајмс, изумирањето на белит еи животински видови е последица од развојот на човечката заедница, а тоаа информација ја пренеле само три телевизински мрежи во САД.

Овој извештај на ОН го подготвиле бројни еколози и научници од 131 земја членка на организацијата.

Извештајот има 1.500 страници и ќе биде целосно објавен оваа недела во Париз, а резимето ан 30 страници наменето за медиумите е упатено на адреса на сите земји членки на ОН.

Според оценката од научните кругови оваа истражување е многу вознемирувачко.

Веќе сега за 20 отсто е намален бројот на растенија на ниво на природните живеалишта, а истото важи за сите видови животни од бубачки до големи животни. Тој процес се одвивал во текот на изминатите 100 години откако биолозите започнале да ја следат состојбата меѓу растенијата и животните.

Активностите на луѓето на риболов, сечење на шумите, недозволен лов на загрозени видови жвотни допринеле за состојбата денес.

Човештвото го надмина бројот од седум милијарди и тоа ја менува животната средина со таква брзина што досега не е забележано.

Loading...

Постои можност дека ќе изумрат 40 отсто од животните кои живеат во вода и на суво, третина од морските цицачи, третина од коралите и повеќе од половина милион животни кои живеат на тврдо тло. Актуелното изумирање на животните во светот никогаш досега не било со таква брзина, констатирале авторите на извештајот.

Глобалното затоплување ја влошува брзината на изумирањето за пет отсто, констатирале еколозите.

Leave a Reply