На интернет пронашол „магични печурки“: Кожата му пожолтела, а кога заминал на лекар ги шокирал сите

Сподели со своите пријатели

Лекарите од Феникс во Аризона биле зачудени кога откриле дека во крвта на еден пациент растат халуциногени печурки, од кои тој направил „чај“ неколку дена порано и гi инјектирал интравенски.

Loading...

30-годишникот поминаl 22 дена во болница, од кои осум бил на одделот за интензивна нега, бидејќи неколку органи почнале да откажуваат.

Иако е отпуштен од болницата, тој сè уште е на режим на антибиотици и антифунгални лекови, велат лекарите во студијата објавена во медицинското списание „Journal of the Academy of Consultation-Liaison Psychiatry“.

 

 

Инјектирајќи раствор на печурки во крвотокот интравенски, пациентот се надевал дека ќе ги ублажи симптомите на биполарно растројство.

Членовите на неговото семејство им соопштиле на лекарите дека тој неодамна престанал да зема лекови препишани за биполарно растројство и расположението му се разликувало од депресивна и во манична состојба.

Loading...

На лекарите им рекол дека се одлучил на тој потег кога нашол извештаи на интернет во кои се опишани потенцијалните терапевтски ефекти на халуциногените, како што се ЛСД и „магичните печурки“.

Од нив направил „чај“, кој потоа го филтрирал преку памучна крпа, пред да го инјектира во крвта.

 

 

Во следните денови, тој станал летаргичен и почувствувал гадење, а неговата кожа почнала да пожолтува. Наскоро добил дијареја и започнал да повраќа крв.

После тоа, семејството го однело во болница, каде лекарите забележале дека тој исто така не може да комуницира разумно на кој било начин. Неколку органи, вклучувајќи ги бубрезите и црниот дроб, почнале да му откажуваат и тој бил пренесен на интензивна нега.

Во неговата крв е откриена бактериска и габична инфекција, што значело дека „магичните печурки“ што ги инјектирал почнале да растат во неговата крв.

Loading...

Покрај тоа што веднаш почнале да му даваат антибиотици и антифунгални лекови, лекарите морале да го стават и на респиратор бидејќи почнале да му откажуваат белите дробови поради собирање на течност во нив.

Leave a Reply