На ГП „Табановце“ спречен обид за шверц на 120 килограми тутун

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Царинската управа на Република македонија, во текот на раните утрински часови на Граничниот премин „Табановце“, цариниците спречија обид за шверц на 120 килограми режан тутун.

Loading...

Случајот бил октриен во два и пол часа по полноќ кога за излез од Република македонија се пријавило товарно моторно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин со иницијали Д.М.

Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, била извршена дeтална контрола на возилото и при тоа во внатрешниот дел на кабината на горниот кревет под душекот билепронајдени 120 паковки од по 1 кг режан тутун.

Стоката е привремено одземена, а против сторителот е отпочната соодветна кривична постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.