На ГП „Табановце“ се шверцувале часовници, дрога и културно-историско наследство

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, во изминатиот месец се поднесени 12 кривични пријави против 14 физички и 4 правни лица. Во неколку одвиени случаи кривични пријави биле поднесени поради нерегуларности откриени на Граничниот премин „Табановце“ .

Loading...

Така, на 6 јули македонски државјанин на ГП „Табановце“ со возило со македонски регистарски ознаки, се обидел да шверцува женски рачен часовник „ROLEX“ вреден над 500 илјади денари, а со тоа да избегне плаќање на царина и други увозни давачки во износ од над 120 илјди денари.

На 30 јули како патник во автобус руски државјанин бил спречен во обид да инесе мермерна плоча која претставувала културно наследство заштитено со Закон. Како патник во автобус, пријавениот се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце. При контрола на патната торба на осомничениот, на  дното, завиткано во кеса е пронајден дел од мермерна плоча со бела боја испишана со арапски букви. По извршено вештачење на плочата од Археолошкиот музеј на Република Македонија добиено е стручно мислење според кое плочата преставува надгробен споменик испишан со старо арапско писмо кој датира од втората епоха од османлиската епиграфија од 16-ти до 18-ти век. Плочата е со историско значење и преставува културно наследство заштитено со Закон.

Кривични пријави царинската управа поднела и против три лица кои се обиделе да шверцуваат дрога надвор од државата.

Во првиот случај грчки државјанин заработил кривична пријава, затоа што на при контрола на патничкото моторно возило со германски регистарски ознаки, со кое се пријавил на излез од Македонија на ГП Табановце, извршена на 6 јули 2015 година се пронајдени 12 семки од марихуана. Семките се пронајдени во предниот дел од возилото, поточно во наслонот за рака помеѓу двете предни седишта, сместени во метална кутија за цигари.  По извршеното вештачење на семенскиот материјал добиен е наод и мислење според кое со засадување на семките може да се развие растението Cannabis

Во вториот случај кривична пријава заработи друг грчки државјанин, затоа што при претрес на грчки автомобил, со кој управувал споменатиот на 11 јули 2015 г. на ГП „Табановце“ за излез од државата, во фабричката пластика во багажниот простор се пронајдени 0,49 грама марихуана.

Во третиор случај кривично ќе одговара и полски  државјанин, затоа што кај него (сопатник во патничко моторно возило со чешки регистарски ознаки) е пронајдена 1,49 гр марихуана, сокриена во розево кутвче во џебот од пантолоните. Претресот е извршен на  кој на 21 јули 2015 година на  граничниот премин Табановце во обид за излез од државата.

Од Царинската управа информираат и за случај на фалсификување на патни исправи од страна на македонски државјани.

Loading...

кривична пријава е поднесена против правно лице од Радовиш и неговото одговорното лице – македонски државјанин, како и две вработени лица во правното лице, исто така македонски државјани, заради изработка и
употреба како вистинска на лажна исправа – Уверение за одобрување на патно возило за транспорт на стока под царинска пломба, неопходно за превоз на стоки според ТИР конвенција. Пријавените фалсификатот го направиле на начин што уверението кое било истечено го пополниле како да е продолжено и го завериле со потпис и печат од царинска испостава Табановце-автопат. Ваквото уверение пријавениот Д.М. го приложил пред македонските царински органи на граничниот премин Дојран, од каде поради сомневање во автентичноста на печатот уверението е доставено до Одделението за истраги, од каде со наредба од јавен обвинител побарано е вештачење од страна на МВР. Според извршеното вештачење отисокот од печатот не е оригинален, со што пријавените го сториле делото за кое се осомничени.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.