На ГП Табановце е приведено лице осудено со затворска казна

Сподели со своите пријатели

Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, во 07,15 часот на ГП „Табановце“ на влез во РМ, приведен е Д.Т.(49) од Струмица, откако при проверка било утврдено дека истиот се бара за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Истиот е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.