Се проценува дека на Германија и недостасуваат 1,1 милион квалификувани работници.
Нивната економија преживува нов замав, а во недостаток на млади луѓе претставува сериозен проблем во големата побарувачка. Затоа германските компании панично бараат работници низ целиот свет.
Германските работодавачи во третиот квартал од оваа година се соочиле со најголем недостаток на адекватна работна сила досега.
Државниот завод за вработување направил попис од близу 110 различни професии во кои недостатокот е најевидентен.
Во таа категорија спаѓаат професии како што се инжинери, ИТ специјалисти, лекари и здравствени работници, трговци, различни занатски професии.
Сите ја сакаат Германија, но дали се исплати да се живее и работи таму? (видео)

