Меркел: ЕУ да не се грижи за формирањето на германската влада

Сподели со своите пријатели

Германската канцеларка Ангела Меркел на денешниот самит во Брисел изјави уверување до своите колеги во Европската унија дека Гермнија и натаму има влада посветена на Унијата и покрај тоа што постојано се одложува формирањето нова коалиција.

Меркел на новинарите во Брисел им рече дека е важно да се продолжи развојот на ЕУ, пренесува Ројтерс.

– Како техничка влада, ние ги исполнуваме европските обврски. Се консултираме со нашиот парламент за да можеме да донесеме неопходни одлуки, рекла Меркел.

Британската агенција потсетува дека првиот обид на канцеларката Меркл да формира нова коалиција по септемвриските избори пропадна минатиот викенд, што разочара многу нејзини европски партнери кои се надеваа дека до декември Германија ќе добие функционална влада за да полесно може да се постигнат договори во внатрешноста на Европската унија.