На 1ви август свечено отворање на отворениот и затворениот Градски базен

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски и општината ве покануваат на 1ви август на свеченото пуштање во употреба на најголемиот капитален проект во градот – отворениот и затворениот Градски базен.

Со свечена програма во пресрет на најголемиот македонски празник Илинден со почеток во 20 часот базенот ќе биде предаден во употреба на граѓаните на Општината.

Отворањето ќе биде проследено со пригодна спортска и културно-забавна програма во затворениот базен, забава со куманосвките естрадни ѕвезди на отворениот базен, како и спектакуларен огномет.

Инаку оваа инвестиција чинеше 200 милиони денари и изградбата траеше неколку години само со средств од Буџетот на Општина Куманово.

Освен пливачки капацитет комплексот во иднина ќе понуди и спортски хотел со околу 50 легла, заедно со ресторан, спортски продавници, а во приземјето градоначалникот најави можност за отварање на спа центри преку јавно приватно-партнерство, концесионирање или со одлука на советот подрумскиот дел може да оди на продажба за изградба на вакви центри.