МЗ: Досега нема потврден случај на мајмунски сипаници во Македонија

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

Loading...

– Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, стои во соопштението.

Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И ТОА ГО ИМА: Четворица извршители биле во минус

До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници, стои во соопштението.

Сите информации за епидемијата на мајмунски сипаници во светот можете да ги прочитате ТУКА.