МВР: За последните 48 часа регистрирани се нови 5870 бегалци

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие,  издадени се потврди на вкупно 2.338 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на  Авганистан–813,Сирија-804 и Ирак-721.

12360394_10153418617788655_2890255038614806860_n

Ден претходно, МВР издаде потврди на вкупно 3.532 странски државјани.

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 356.221 странски државјани, од кои, најбројни се државјаните на Сирија – 201.506 потоа Авганистан – 87.399, Ирак – 45.875, Иран – 6.231, Пакистан –5.416, Палестина –2.158, Сомалија –1.276, Бангладеш –1.253, Мароко –1.317, Конго –514,  Алжир –453, Либан –434,  Нигерија –279, додека останатите се во помал број.

Во текот на последните 48 часа, не се побарани потврди за барање азил во Република Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.